Амбасадата на САД во Македонија со задоволство најавува дека Лотаријата за зелена карта за 2018 започнува на 4 октомври 2016, вторник, во 18.00 часот, а завршува на 7 ноември 2016, понеделник, во 18.00 часот. Кандидатите ќе можат да се пријават на официјалната веб страна www.dvlottery.state.gov, каде има целосни инструкции.
Обрнете внимание на следниве насоки:
- За пријавување во програмата не се плаќа административна такса.
- Чувајте ја вашата потврдна страница откако ќе завршите со пријавувањето, за да може да го проверите вашиот статус.
- Зачувајте го вашиот единствен број од потврдата најмалку до 30 септември 2018 година. Овој број е единствениот начин преку кој ќе можете да проверите дали сте избрани.
- Мора да се пријавите со нова фотографија, направена во последните шест месеци. Доколку користите стара фитиграфија, ќе бидете дисквалификувани.
- Може да се пријавите само еднаш.
- Треба да проверите дали сте избрани на 2 мај 2017 година.
- Стејт Департментот нема да ве контактира преку електронска пошта.
- Доколку добиете електронска пошта која ви кажува дека сте биле избрани, тоа е измама.