“Ќе бидеме силен и доверлив партнер за мир, прогрес и безбедност”, новиот претседател кажа во својот инаугуративен говор. На нациите во светот, тој им вети: “Ќе водиме не само со примерот на нашата моќ, туку со моќта на нашиот пример”.

Џозеф Р. Бајден јуниор положи заклетва како 46-ти претседател на Соединетите Држави, во среда, 20 јануари. Неколку минути претходно, Камала Д. Харис ја положи заклетвата и стана првата жена, првата црна Американка и првата Американка со потекло од Југоисточна Азија, избрана на функцијата потпретседател на САД.
На овој линк може да се прочита инаугуративниот говор на претседателот Џозеф Р. Бајден јуниор.