ИЗЈАВА ОД НЕД ПРАЈС, ПОРТПАРОЛ
11 Април, 2022
Американскиот Стејт Департмент ги вклучи на листа на санкции поранешниот премиер на Република Северна Македонија, Никола Груевски и поранешниот директор на Дирекцијата за безбедност и контраразузнување (УБК) Сашо Мијалков, како и Гордана Тадиќ од Босна и Херцеговина од канцеларијата на јавниот обвинител. Ги превземавме овие активности како одговор на нивната инволвираност во значителна корупција. Нивните активности го поткопувале владеењето на правото, демократските институции и јавните процеси во двете земји и ја уништија вербата на јавноста во нивните влади.
Во неговата официјална функција Премиер, Груевски бил вмешан во коруптивни активности кои вклучувале злоупотреба на своето политичко влијание и службена моќ за лична корист. Поконкретно, постојат кредибилни информации дека Груевски ја злоупотребил службената должност да бара и прима мито во замена за владини договори, злоупотреба на јавните фондови, и мешање во изборните процеси за своја лична и партиска придобивка.
Во неговата официјална функција Директор на УБК, Мијалков бил инволвиран во коруптивни активности кои вклучувале злоупотреба на своето политичко влијание и службена моќ за лични цели. Поконкретно, постојат кредибилни информации дека Мијалков ја злоупотребил службената должност да бара и прима мито во замена за владини договори и мешање во изборните процеси за своја лична и партиска придобивка.
Во нејзината официјална функција како јавен обвинител на Босна и Херцеговина, Гордана Тадиќ го злоупотребила своето влијание за мешање во судски процеси. Поконкретно, постојат кредибилни информации дека Тадиќ манипулирала со судски предмети за да заштитува политички патрони од покренување на обвиненија, и не назначувала предмети на обвинители преку автоматскиот систем за дистрибуција на предмети, кој има за цел да спречи назначување на обвинители врз основа на лични и политички причини.
Овие вклучувања на листа на санкции се направени според Поглавје 7031 (c) од Законот за Апропријации за Програми на Стејт Департментот, Странски Операции и Сродни Програми од 2022 година. Покрај Груевски, Мијалков и Тадиќ, Стејт Департментот исто така ги разоткрива и членовите на нивните потесни семејства според 7031 (c). Согласно овие мерки, Груевски, Мијалков, Тадиќ и членовите на нивните потесни семејства не се квалификувани за влез во Соединетите Американски Држави.
Исто така, Одделот за контрола на странски капитал при Американското Министерство за финансии (OFAC) воведе економски санкции според Извршна наредба (Е.О.) 14033 врз седум лица и еден ентитет во четири земји од Западен Балкан. Како резултат на денешната мерка според Е.О. 14033, целиот имот и влогови на сите санкционирани кои се во Соединетите Држави или се во сопственост или контрола на лица од САД мора да бидат блокирани и пријавени во OFAC. https://home.treasury.gov/policy-issues/financialsanctions/recent-actions/20220411
Заедно, овие вклучувања на листа на санкции ја потврдуваат посветеноста на САД во поддршката на владеењето на правото и зајакнувањето на демократските институции на Република Северна Македонија и Босна и Херцеговина. Департментот ќе продолжи да ги користи овие овластувања за унапредување на одговорноста на коруптивните субјекти во регионот и глобално.
За повеќе информации, контактирајте INL-PAPD@state.gov.