Државниот секретар Антони Блинкен се сретна со премиерот на Северна Македонија Димитар Ковачевски и министерот за надворешни работи Бујар Османи во Вашингтон. Секретарот Блинкен и премиерот Ковачевски ја истакнаа силната поддршка на САД, и важноста на пристапувањето на Северна Македонија и Регионот на Западен Балкан во ЕУ. Секретарот ги истакна важните придонеси и лидерство на Северна Македонија во промовирање на мирот и стабилноста на Западен Балкан и за поддршката за Украина, особено во време на претседавање со ОБСЕ. Секретарот ја истакна и силната билатерална соработка меѓу Соединетите Американски Држави и Северна Македонија и ја истакна важноста од зајакнување на демократските институции, реформите во владеењето на правото и енергетската безбедност.