Програма за зелена карта 2019

Во вторник, 3 октомври 2017, во 18:00 часот по локално време, започнува електронското пријавување за Програмата за зелена карта 2019. Програмата се затвора во вторник, 7 ноември 2017, во 18:00 часот по локално време. Сите заинтересирани можат да пристапат до електронскиот формулар (E-DV) на веб-страната www.dvlottery.state.gov , каде има и детални инструкции.

  • Пријавување за програмата не се наплаќа.
  • Откако ќе го комплетирате формуларот, зачувајте ја страницата со конфирмација, за да можете да го проверувате статусот на вашетата пријава. 
  • Треба да чувате копија од единствениот број за конфирмација, барем до 30 септември 2019 година. Овој број е единствениот начин да проверите дали сте избрани.
  • Мора да се пријавите со нова фотографија, направена во последните шест месеци. Доколку користите стара фотографија ќе бидете дисквалификувани.
  • Пријава можете да доставите само еднаш.
  • На 1 мај 2019 мора да проверите дали сте одбрани.
  • Стејт Департментот нема да ве контактира преку електронска пошта.
  • Доколку добиете имејл порака со информација дека сте избрани, знајте дека пораката е лажна.