Потпретседателот Пенс му се јави на премиерот Заев за да му честита на новата функција

Потпретседателот Пенс му се јави на премиерот Заев за да му честита на новата функција. Во телефонскиот разговор, потпретседателот ја нагласи континуираната поддршка на САД за реформите со кои Македонија ќе напредува во процесот на интеграција во евроатлантските институции. Потпретседателот Пенс изрази задоволство што ќе се сретне со премиерот Заев и лидерите од Западниот Балкан на Самитот на Јадранската група, што ќе се оддржи на 2 август, во Подгорица, Црна Гора.