Партнерство за успешна Конференција за климатски промени (COP26)

Партнерство за успешна Конференција за климатски промени (COP26)
Заедничка изјава по повод Денот на планетата Земја од

Кејт Мари Брнз, амбасадор на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија

Рејчел Галовеј, амбасадор на Обединетото Кралство во Република Северна Македонија

Андреа Силвестри, амбасадор на Република Италија во Република Северна Македонија

Нашите земји се посветени на постигнување нето-нула емисии на стакленички гасови најдоцна до 2050 година. Тесно соработувајќи на исполнување на историскиот Договор од Париз, ние сме посветени на обезбедувањето на неговиот успех со намалување на сопствените емисии и преку соработка со нашите глобални партнери, вклучително и со Република Северна Македонија. Соединетите Држави се посветени на остварување на нето-нула емисии на стакленички гасови најдоцна до 2050 година и планираат до 2035 година, секторот за производство на електрична енергија да работи без емисија на јаглероден диоксид. Европската унија се обврзува на климатска неутралност во 2050 година и има намера да ги зголеми климатските амбиции за 2030 година со намалување на емисиите за најмалку 55% ​​во споредба со 1990 година. И Обединетото Кралство планира да ја реализира нето-нула целта во 2050 година, со намалување на емисиите на стакленички гасови за најмалку 68% до 2030 година во споредба со нивото од 1990 година. 

И честитаме на Владата на Република Северна Македонија за усвојување на ревидираниот Национален придонес, што како цел ја постави амбицијата до 2030 година да се постигне 51% намалување на емисиите на стакленички гасови, во однос на емисиите од 1990 година. Ја повикуваме Република Северна Македонија да ги преземе неопходните чекори за да го задржи остварливо ограничувањето до 1,5 степени Целзиусови, вклучително и преку обврзување да оствари нето-нула емисии до 2050 година и преку специфични стратегии за нето-нула емисии. Ова значи зголемување на темпото и амбициозноста на плановите на земјата за декарбонизација, со тоа што ќе ги замени фосилните горива со обновливи извори на енергија. Ова значи следење на Зеленото сценарио од Националната стратегија за развој на енергетика на земјата, зголемување на инвестициите и создавање работни места додека се штитат ранливите групи. Ова значи зголемената амбиција да биде проследена со еднаков обем на дејствување, осигурувајќи дека институциите на земјата се на висина на задачата за промовирање и спроведување на длабока декарбонизација. 

Денес, исто така, решивме да бидеме партнери со Република Северна Македонија. Британската и Италијанската амбасада ги поддржаа клубот Биди Зелен и проектот Млади амбасадори за климатски промени да преземат активности и да се вклучат во климатските промени. Младите се клучни за подигање на свеста, за зачувување на природата, за давање поддршка на обновливите извори на енергија и за усвојување на еколошките практики.  Иницијативата „Youth4Climate“ ќе биде во фокусот на подготвителниот (pre-COP) состанокот во Милано, на кој аплицираа неколку млади луѓе од Република Северна Македонија, и се надеваме дека ќе бидат избрани. Соединетите Држави ги ставаат климатските промени во центарот на надворешната политика, дипломатијата и националната безбедност на САД, вклучително и со помагање во подигнување на глобалната климатска амбиција преку утрешниот Лидерски самит за за климата. 

Обединетото Кралство и Италија ќе биде домаќини на Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени (COP26) во ноември оваа година во Глазгов, со што над 30.000 шефови на држави, климатски експерти и активисти ќе учествуваат на еден форум за пет клучни предизвици: адаптација и отпорност, чиста енергија, чист транспорт, финансии и природни решенија. Пред COP26, сите земји треба да излезат со свој амбициозен придонес утврден на национално ниво и долгорочни стратегии за постигнување на нула емисии на јаглерод што е можно побрзо. Само така можеме да ги исполниме обврските утврдени со Парискиот договор од 2015 година. Одлуките што ги носиме денес, директно ќе влијаат на нашата способност да ја сочуваме животната средина за идните генерации.  

# # #