Изјава од Амбасадите на САД, 27 јули 2017

Амбасадите на САД во Бугарија и Македонија го поздравуваат одобрувањето на договорот за пријателство помеѓу Македонија и Бугарија. Договорот ги афирмира блиските врски помеѓу земјите и ја чествува волјата на двете страни за подобрување на соработката во интерес на нивните граѓани. Таквиот ангажман претставува охрабрувачки пример за решавање на важни прашања помеѓу соседите и ја подобрува политичката стабилност и економскиот развој во Западен Балкан. Им честитаме на Бугарија и на Македонија за овој историски чекор, што се фокусира на иднината.