31 октомври 2017
Амбасадата на САД им честита на граѓаните на Македонија кои го искористија своето право на глас за време на локалните избори во октомври 2017.
Ги поздравуваме прелиминарните заклучоци на ОБСЕ/ОДИХР дека изборите беа компетитивни и дека почитувањето на основните слободи придонесе кон подобрување на демократскиот процес. Овие заклучоци се во согласност со она што тимовите од Амбасадата на САД го забележаа за време на првиот и вториот круг од изборите.
Таму каде што постои загриженост за неправилности и злоупотреби, повторно препорачуваме на граѓаните да ја искористат соодветната процедура и да ги пријават, а на релевантните власти, брзо да ги адресираат. Исто така, препорачуваме на Државната изборна комисија и на други релевантни владини тела да го искористат периодот по овој изборен процес за да се фокусираат на препораките на ОДИХР што беа дадени по изборите во 2016 и во 2017 година. Со ова ќе се зајакнат идните изборни процеси.
Силна локална власт обезбедува основи за една динамична демократија. Ги охрабруваме новоизбраните градоначалници и советници да бидат отворени, достапни и одговорни за граѓаните во своите општини. Амбасадата ќе ја продолжи соработката со општините, организациите и граѓаните за да се унапредат клучните реформи на локално ниво.