“Трговијата со луѓе е едно од најтрагичните прашања поврзани со човековите права на денешнината. Таа разделува семејства, ги пореметува глобалните пазари, го поткопува владеењето на правото и поттикнува други транснационални криминални активности. Ја загрозува јавната и државната безбедност. Но, најлошо од се, овој криминал ги лишува луѓето од слобода и од нивното достоинство. Затоа мораме да ставиме крај на злото, трговија со луѓе. Денес правиме уште еден важен чекор кон таа цел. Извештајот за трговија со луѓе 2017 ги потенцира успесите што се постигнати, како и предизвиците што останале пред нас во врска со оваа значајно глобално прашање.” – Рекс В. Тилерсон, државен секретар
Извештајот ја оценува состојбата со трговијата со луѓе во 187 земји, вклучувајќи ги и Соединетите Држави. Тој ја истакнува потребата трговците со луѓе да се земат на одговорност и кривично да се гонат. Извештајот за трговија со луѓе 2017 е достапен во PDF формат – како еден целосен документ, и во HTML формат. Говор на државниот секретар Тилерсон при официјалното објавување на Извештајот за трговија со луѓе 2017
Извештајот за секоја земја посебно [Делот за Македонија]