Департмент за финансии на САД
Канцеларија за односи со јавност
Соопштение за јавност: 11 април 2022 год.,
Контакт: Департмент за финансии, Канцеларија за односи со јавност, Press@treasury.gov
Департментот за финансии посочува актери за дестабилизирачко однесување низ Западниот Балкан
ВАШИНГТОН – Денес, Канцеларијата за контрола на странски имоти при Департментот за финансии на САД (OFAC – ККСИ) назначи седум лица и еден ентитет од четири земји на Западниот Балкан согласно Извршната Наредба (И.Н.) Executive Order (E.O.) 14033. Ова е втора мерка што ККСИ ја превзема согласно И.Н. 14033 што посочува лица што се закана за стабилноста на регионот заради корупција, криминални активности и друго дестабилизирачко однесување. Денешната мерка ја потврдува заложбата на Департментот за финансии за промовирање на одговорност за актери во регионот на Западниот Балкан што се занимаваат со дестабилизирачко и коруптивно однесување. Таквото коруптивно однесување ги поткопува владеењето на правото и економскиот раст и ги лишува луѓето во овие земји од можности и стабилност.
„Лицата назначени денес претставуваат сериозна закана по регионалната стабилност, довербата во институциите и аспирациите на оние што бараат демократско и разумно владеење во Западниот Балкан,“ рече Подсекретарот на Департментот за финансии надлежен за прашања на тероризам и финансиско разузнавање Брајан Е. Нелсон. „Борбата против корупцијата во светот е главен приоритет на Бајден-Харис администрацијата и Департментот за финансии нема да се колеба да ги употреби сите инструменти со кои располгаме за да побараме одговорност од корумпирани и дестабилизирачки актери.“
Како дел од овие мерки, Стејт Департментот назначува лица од Северна Македонија и Босна и Херцеговина, согласно Оддел 7031(ц) од Актот за одземање од странски операци и поврзни програми од 2022 год., воспоставувајќи мерка општо позната како забрана за виза. Стејт Департментот исто така ги назначува и членовите на нивните потесни семејства согласно Оддел 7031(ц). Oваа мерка ги прави нив и на членовите на нивното потесно семејство неподобни за влез во САД.
АЛБАНИЈА
Оранизираниот криминал и понатаму е значајна закана во Албанија и криминалните актери се уште се влијателни во албанската политика, користејќи пари и насилство за обезбедување поддршка на префернцијални кандидати.
Аќиф Ракипи (Aqif Rakipi) е злогласен поранешен Пратеник во Парламентот од Елбасан, Албанија, кој што има штетно и дестабилизирачко влијание на политичките процеси во Албанија. Повеќе организирани криминални групи (OCGs – ОКГ) во Албанија нуделе пари, подароци или ветувања за вработувања или концесии во замена за гласови за политичките партии што тие ги поддржуваат. Ракипи, долго време бил инволвиран во организиран криминал и е тесно поврзан со една ОКГ во која што вршел политичко влијание, вклучително и со корупција. На пример, Ракипи го користел своето политичко влијание да номинира свои приврзаници на клучни јавни позиции во Елбасан и Тирана. Ракипи го изгубил пратеничкиот мандатот во Парламентот на Албанија откако обвинителите го потврдиле неговото учество во криминални активности, под лажно име. Тој се назначува согласно И.Н 14033 како одговорен за или сооучесник во, или за директно или индиректно учество во корупција поврзана со Западниот Балкан, вклучително и корупција од страна, во име на, или на друг начин поврзана со влада од Западниот Балкан, или како сегашен или поранешен владин функционер од било кој степен на власт во Западниот Балкан, поврзана со злоупотреба на јавни средства, присвојување на приватни имоти за лична добивка или за политички цели или поткуп.
Ули Ндроќи (Ylli Ndroqi) е медиумски сопственик чиј што имот беше одземен од владата на Албанија во 2020 и 2021 год., заради предходни криминални активности. Ндроќи ги користел медиумите, предходно под негова контрола, за да врши изнуда и уцена над граѓани на Албанија со барања за пари и купување на рекламен простор во замена за необјавување негативни медиумски натписи. Дополнително, Ндроќи овозможувал поткуп во име на ентитет што сакал да се занимава со бизнис во Албанија. Ндроќи се назначува согласно И.Н. 14033 како одговорен за или сооучесник во, или за директно или индиректно учество во корупција поврзана со Западниот Балкан, вклучително и корупција од страна, во име на, или на друг начин поврзана со влада од Западниот Балкан, или како сегашен или поранешен владин функционер од било кој степен на власт во Западниот Балкан, поврзана со злоупотреба на јавни средства, присвојување на приватни имоти за лична добивка или за политички цели или поткуп.
БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА
Согласно назначувањата на Департментот за финансии од 5 јануари 2022 год., на Милорад Додик (Milorad Dodik) и еден деловен ентитет под негова контрола, ККСИ денес назначи уште двајца корумпирани актери во Босна и Херцеговина.
Асим Сарајлиќ (Asim Sarajlic) е член на Парламентот на Босна и Херцеговина (БиХ) и до неодамна беше високо рангиран функционер на Партијата за демократска акција (ПДА) во БиХ. Сарајлиќ е познатиот лик од „аферата Асим“, скандал на политичкa корупција во кој што Сарајлиќ беше фатен како ветува да обезбеди вработување за сопругата на претставник од партијата во замена за потребен глас за позиција во политичка партија. Сарајлиќ беше обвинет и за други дела, вкучително и за злоупотреба на положба и тргување со влијание.
Сарајлиќ исто така ја злоупотребил положбата во врска со БХ телеком, голема компанија во државна сопственост во БиХ. Во ова својство, Сарајлиќ лично примил исплати од кандидати во замена за нивно вработување и на друг начин вршел недозволено влијание врз процесот на вработување. Како дел од ваквите активности Сарајлиќ препорачувал кандидати кои што, според извештаии, имале многу пониски од бараните квалификации, на тој начин поткопувајќи го интегритетот на компанијата.
Сарајлиќ беше назначен согласно И.Н.14033 како одговорен за или сооучесник во, или за директно или индиректно учество во корупција поврзана со Западниот Балкан, вклучително и корупција од страна, во име на, или на друг начин поврзана со влада од Западниот Балкан, или како сегашен или поранешен владин функционер од било кој степен на власт во Западниот Балкан, поврзана со злоупотреба на јавни средства, присвојување на приватни имоти за лична добивка или за политички цели или поткуп.
Гордана Тадиќ (Gordana Tadic) служела како Главен Обвинител на државното Јавно Обвинителство на БиХ од 2019 до 2021 год. Во 2021 год., таа била официјално разрешена од нејзината позиција од страна на Високиот Судско-Обвинителски Совет заради пропуст да распределува предмети на обвинителите преку автоматизиран систем за распределба на предмети, чија што функција е да спречи распределување предмети на обвинители врз основа на лични или политички причини. Освен тоа, Тадиќ, според извештаии, ја користела позицијата како Главен Обвинител да промовира свои лични и фамилијарни интереси. Дополнително, таа наводно корситела додаток за државен стан преку лажен договор.
Тадиќ беше назначена согласно И.Н. 14033 како одговорна за или соучесник во, или за директно или индиректно учество во активности или политики што поткопуваат демократски процеси или институции во Западниот Балкан.
ЦРНА ГОРА
Светозар Маровиќ (Svetozar Marovic) беше Претседател на заедничката држава на Србија и Црна Гора од 2003-2006 год., и служел како поранешен Заменик Претседател на Демократската партија на социјалистите (ДПС) на Црна Гора се до 2015 год. Маровиќ беше уапсен од властите на Црна Гора во 2015 год., поради сомнение за учество во случај на голема корупција во врска со градежни проекти во Општина Будва. Обвинителите на Црна Гора го обвинија Маровиќ за користење на неговото влијание како висок функционер во ДПС за одобрување на низа зделки за купување имот и градежнички работи што им донесоа големи добивки на неколку компании, но кои што предизвикаа значителни загуби за локалната власт. Во 2016 год., Маровиќ склучи две спогодби со кои што призна вина за сите обвиненија за коpупција против него. Тој беше осуден на повеќе годишна казна затвор и му беше наредено да врати преку 1 милион долари на државата, но избега во Србија пред да ја издржи казната.
Маровиќ беше назначен согласно И. Н. 14033 како одговорен за или сооучесник во, или за директно или индиректно учество во корупција поврзана со Западниот Балкан, вклучително и корупција од страна, во име на, или на друг начин поврзана со влада од Западниот Балкан, или како сегашен или поранешен владин функционер од било кој степен на власт во Западниот Балкан, поврзана со злоупотреба на јавни средства, присвојување на приватни имоти за лична добивка или за политички цели или поткуп.
СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Никола Груевски (Gruevski) беше осуден и останува осомничен во многу предмети на корупција и беше обвинет за злоупотреба на положба, перење пари и други кривични дела поврзани со неговото време како Претседател на Влада на Северна Македонија (СМ) од 2006 до 2016 год. Тој континуирано избегнува апсење по неговата осуда од 2018 год., од страна на Суд во СМ по обвиненија поврзани со корупција, што претставува сериозно нарушување на одговорноста за корупција и активности поврзани со корупција во СМ. Груевски е сопственик и директор на унгарска компанија I.C.I.C. KFT (И.Ц.И.Ц. КФТ) регистрирана како Друштво со ограничена одговорност во Пецел, Унгарија.
Груевски беше назначен согласно И.Н. 14033 како одговорен за или сооучесник во, или за директно или индиректно учество во корупција поврзана со Западниот Балкан, вклучително и корупција од страна, во име на, или на друг начин поврзана со влада од Западниот Балкан, или како сегашен или поранешен владин функционер од било кој степен на власт во Западниот Балкан, поврзана со злоупотреба на јавни средства, присвојување на приватни имоти за лична добивка или за политички цели или поткуп. И.Ц.И.Ц. КФТ беше назначена согласно И.Н. 14033 како компанија во сопственост или контролирана од Груевски.
Сашо Мијалков (Mijalkov) е поранешен шеф на контраразузнавање во СМ. Мијалков наводно учествувал во измама со гласови и во голема операција на незаконско прислушување насочена кон 20,000 лица, вклучително и опозициски политичари, судии и новинари, која што носела политичка и економска добивка и која што предизвика двегодишна политичка криза во земјата преку откривање на наводно владино мешање во судството, контрола врз неколку медиуми и мешање во избори. Во февруари 2021 год., заради неговата улога како главен организатор на прислушувањето тој беше осуден од Суд во СМ за злосторничко здружување, злоупотреба на положба и преимање награда за незаконско влијание. Последователно во април 2021 год., Суд во СМ го осуди Мијалков за злоупотреба на овластување во врска со набавка на опрема за следење.
Мијалков беше назначен согласно И.Н.14033 како одговорен за или соучесник во, или за директно или индиректно учество во активности или политики што поткопуваат демократски процеси или институции во Западниот Балкан.
ПОСЛЕДИЦИ ОД САНКЦИИТЕ
Како резултат на денешните мерки, сиот имот и имотни интереси на назначените лица или ентитети што се во САД или во владение или контрола на лица од САД мора да бидат блокирани и пријавени во ККСИ (OFAC). Регулативата на ККСИ генерално забранува секакви трансакции од лица од САД или лица во (или штотранзитираат низ) САД што вклучуваат било каков имот или имотни интереси на назначените или на друг начин блокирани лица. Лица од САД можат да се соочат со граѓански или кривични казни за прекршувања на И.Н. 14033.
Моќта и интегритетот на санкциите на ККСИ произлегуваат не само од нејзиното овластување да назначува и додава лица на SDN листата, туку исто така и од поседувањето можност да отстрани лица од SDN листа согласно законот. Крајната цел на санкциите не е да се казнува туку да се поттикне позитивна промена во однесувањето. За информации во врска со процесот за барање на отстранување од листата на ККСИ, вклучително и од SDN листат, ве молиме одете на следниот линк: Frequently Asked Question 897. За детални информации за процесот за поднесување на барање за бришење од листата на санкции на ККСИ, кликнете тука.
За информации за лицата и ентитетите назначени денес, кликнете тука.