Ден на независноста на Македонија, писмо од државниот секретар Рекс В. Тилерсон, 7 септември 2017

Изјава за медиумите
Рекс В. Тилерсон, Државен секретар
Вашингтон, 7 септември 2017

Во име на Владата на Соединетите Американски Држави, со задоволство ги пренесувам нашите најискрени желби за народот на Македонија, на денот кога одбележувате 26 години независност.

Соединетите Држави се горди што се пријател и стратешки партнер на Македонија. Во текот на овие 26 години сме работеле заедно во поддршка на аспирациите на Македонија за интеграција во ЕУ и НАТО. Ги поздравуваме активностите што ги превзема новата влада за да демонстрира посветеност кон демократските начела, почитување на владеењето на правото, и регионална соработка. Соединетите Држави ќе продолжат да ги поддржуваат напорите на Македонија за спроведување на реформите што се потребни за да го обезбеди своето место во Евро-атлантското семејство на народи.

Со радуваме на понатамошна соработка во наредните години.

https://www.state.gov/secretary/remarks/2017/09/273878.htm