Говор на амбасадорката Анџела Агелер на предавањето на акредитивните писма

Претседателе Пендаровски,

Ви благодарам за срдечното добредојде во ВилаВодно денес. Голема чест ми претставува да ви гопредададам моето акредитивно писмо одПретседателот Бајден. Горда сум што гопретставувам Претседателот и американскиотнарод како Амбасадор на СоединетитеАмерикански Држави во Република СевернаМакедонија. Како што мислам дека знаетегосподине Претседател, имав голема привилегијада служам тука, во оваа прекрасна земја, чијаштокултура, луѓе, јазици и историја ги засакав

Во периодот, откако последен пат бев тука, СевернаМакедонија се соочи со големи предизвици и донесе тешки одлуки, одлуки што ја поместијаземјата понапред на патот на евроатлантскитеинтеграции. Оваа земја го промени своето име за дастане 30-тата членка на НАТО Алијансатанашиотнајнов сојузникГи отвори пристапните преговориза членство во Европската Унија, зацврстувајќи јасвојата позиција како лидер во градењето набезбедноста и просперитетот на Западен Балкан. Вашето претстојно претседавање со ОБСЕ во 2023, ја покажува клучната улога што земјата ја игра заиднината на Европа.

Иднината е навистина светла, и покрај тоа штоземјата се соочува со стари и со нови предизвици. Господине Претседател, денес сум овде да ветамдека нема сами да се соочите со тие предизвици. Соединетите Американски Држави, Амбасадата наСАД и јас ќе сториме сè што е во наша моќ да импомогнеме на луѓето во Северна Македонија дауспеат да ги прифатат и да ги надминат сите тиепредизвици. Ви го давам мојот личен завет дека ќестоиме рамо до рамо со луѓето на оваа земја, такакако што земјата ги остварува своите цели за мир, просперитет, безбедност и независност за сите своиграѓани.

Европа се соочува со најголемата закана, каква не е видена со генерации, а Северна Македонија, какосигурен, активен сојузник во НАТО, придонесува забезбедноста и стабилноста во Европа. Повеќе од 30 години работиме заедно за да го обезбедимезаслуженото место на Северна Македонија вопоголемата европска заедница, преку поддржувањена основните вредности на една просперитетнадемократијапочитување на владеење на правото, еднакви можности за правда, економски раст и лично изразување, како и преку посветеност конпостигнувањето на овие цели отворено и транспарентно

Северна Македонија се соочува со предизвици вотемелите на сите овие столбови. Како што виепродолжувате да одите напред, така СоединетитеДржави ќе бидат тука како партнер, сојузник и пријател, негувајќи односи, што ќе стануваат сепосилни, подлабоки и попродуктивни

Господине Претседател, чест ми е денес да гопредадам моето акредитивно писмо. Со нетрпениеочекувам да започнам со работа и многу сумблагодарна за вашето љубезно добредојде и вашатаподдршка. Ви благодарам