Изјава за медиуми: Хедер Науерт, портпарол на Стејт Департментот
Вашингтон | 1 август 2017
Соединетите Држави им честитаат на Бугарија и Македонија за потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка. Овој значаен договор, кој се фокусира на иднината, ги афирмира постоечките силни врски помеѓу двете земји и отвора врата за уште поблиска соработка во различни области, од инфраструктура па се до култура. Потпишувањето на овој Договор ќе придонесе за политичка стабилност и економски развој во поширокиот регион, и тој нуди охрабрувачки пример за тоа како разликите помеѓу соседите можат да се решаваат на мирен начин.