Амбасадата на САД и Црвениот крст на град Скопје заедно во добротворна акција

На 12 септември, Амбасадата на САД ќе организира крводарителна акција и акција за собирање на прехрамбени продукти и облека за да го одбележи Националниот ден на служба и сеќавање во соработка со Црвениот крст на град Скопје и со Институтот за трансфузиологија.

Заинтересираните дарители на крв, конзервирана храна и зачувана облека ќе можат да го сторат тоа во Амбасадата на САД од 9:00 – 16:00 часот. Амбасадорот Џес Бејли ќе им се обрати на присутните во 11:00 часот, заедно со генералниот секретар на Црвениот крст, Саит Саити, и директорот на Институтот за трансфузиологија, др. Кочо Димитровски.

Преку оваа акција на служење на заедницата, донаторите ќе му помогнат на Црвениот крст да ги надополни резервите на крв и да обезбеди храна и облека за загрозените семејства за претстојната зима.

Националниот ден на служба и сеќавање започна во 2002 година во чест на жртвите, преживеаните и сите оние кои помогнаа во справувањето со последиците од нападите на 11 септември. Во 2009, Конгресот на САД усвои сојузен закон, подржан од двете партии, со што го прогласи 11 септември за Национален ден на служба и сеќавање.

За медиумите: новинарите кои сакаат да го покријат настанот треба да се пријават во Канцеларијата за односи со јавност во Амбасадата на САД (на e-mail: ahmetil@state.gov; vrenezizj@state.gov или на телефон 310 2000, локал 2023 или 2402) најдоцна до 16:00 часот на 11 септември. Оние кои сакаат да присуствуваат, треба да дојдат на страничниот влез на Амбасадата не подоцна од 10:20 часот на 12 септември.